ОН: Сириската влада и вооружените групи виновни за неуспешната операција на цивили во Алепо

Сподели

alepo

Обединети нации за неуспешната операција за евакуција  на болните и повредените од источниот дел на Алепо ги обвини вооружените групи, сириската Влада и локалните власти.

Во соопштението од заменикот на генералниот секретар за хуманитарни прашања Стивен О’Брајан се наведува дека соработниците на ОН и партнерите биле подготвени да ги евакуираат луѓето, но немале гаранции за безбедност.

 – Евакуацијата не се реализира поради различни фактори, вклучително и бавните дозволи од локалните власти, потоа условите поставени од вооружените групи, како и сириската Влада која не достави медицински материјали и не укажа друга помош во источнито дел на Алепо, посочи О’Брајан.

На евакуацијата на цивилите од источните делови на Алепо се врши низ шест хуманитарни коридори, отворени се пунктови, се дели храна и прва медицинска помош.