На секои 14 месеци општата популација наседнува на сензационалистичките најави за „супермесечината“, појава што во астрономијата нема некој посебен назив со оглед на неважноста на настанот. Поимот супермесечина не е астрономски, туку неговото потекло е од астрологијата. За астрологијата знаеме дека не се темели на научни основи и се користи само за манипулација на општото население во вид на претскажување или гатање на човековата судбина.
Кај астролозите и гатачите, супермесечина се нарекува кога се совпаѓа полната Месечина со нејзината најблиска положба до Земјата при што месечевиот диск има најголема привидна големина која е набљудувана од нашата позиција. Во астрономијата ова взаемна позиција на Сонцето, Земјата и Месечината се нарекува перигеј-сизигија, односно кога Месечината се наоѓа во протиположна позиција од Сонцето додека е во позиција на најблиската точка до Земјата.
За жал некои медиуми кои се занимаваат со сензационализам и „клик-бејт“ статии за да ја зголемат популарноста и да насочат повеќе сообраќај кон нивниот сајт во интерес на финансиски бенефит, и не прават услуга на научниците и луѓето кои се обидуваат да ја популаризираат астрономијата. Од друга страна помалку информираните новинари наивно ја пренесуваат веста ширејќи ја дезинформацијата во поголеми размери.
За жал некои медиуми кои се занимаваат со сензационализам и „клик-бејт“ статии за да ја зголемат популарноста и да насочат повеќе сообраќај кон нивниот сајт во интерес на финансиски бенефит, и не прават услуга на научниците и луѓето кои се обидуваат да ја популаризираат астрономијата. Од друга страна помалку информираните новинари наивно ја пренесуваат веста ширејќи ја дезинформацијата во поголеми размери.
Нашето здружение, кое неуморно работи на популаризација на астрономијата и науката преку активности како организирање на настани, предавања, курсеви, набљудувања, гостувања во разни медиуми и одржување на интернет порталот, со кој заинтересираните во оваа фасцинантна наука ги доближува до убавините и магијата на астрономијата и сродните науки, и за секој достојно интересен настан во овие области е детално покриен со информации и објаснет на начин за да може секој да го сфати.
Во услови кога многу знаеме за особините на Месечината и мноштво нејзини карактеристики, кога секоја шанса се користи за набљудување на Месечината особено преку телескоп каде се забележуваат многу ситни детали на површината на овој прекрасен небесен објект, се појавуваат статии што не се достојни за коментирање. Се разбира дека се појавува горчина при споменување на супермесечина и сензационализирањето на оваа неважна појава која се случува во просек еднаш годишно. Она што најчесто ќе го прочитате ќе ве доведе до заблуда преку најави дека ова се случува еднаш во животниот век или пак дека токму сега Месечината ќе биде најголема во наредните десетици и стотици години. Доколку тие анализи се и приближно точни, сепак се работи за илјадити делови од процентот на нејзината големина што сигурно не е забележливо за голо око или секојдневен оптички инструмент.
Оддалеченоста на Месечината поради нејзината елиптична (не е кружна) орбита варира помеѓу 357.000 km и 406.000 km. Разликата на големината на полната Месечина во перигеј и апогеј (најблиската и најдалечната позиција) е само 14% во дијаметар и сјаје само 30% поинтензивно. Додека полните Месечини во просек имаат минорни разлики во големината на месечевиот диск на небото. Овој месец Месечината ќе биде 0,08% поголема од ланската и 0,004% поголема од „супермесечината“ која ќе се случи во 2019 година. Овие мали промени се сосема незабележливи и нема никаква разлика во изгледот на Месечината.
Би ви препорачал да ја набљудувате Месечината при секоја можност особено преку телескоп, можете и да ја фотографирате во разни позиции на небото при изгревање и заоѓање, во разни месечеви мени. Восхитот при набљудување на Месечината кај вас ќе расне сè повеќе додека повеќе учите за нејзината внатрешна структура, потекло и површински карактеристики, особено при споредување на нејзиниот изглед и нејзината големина со другите месечини во Сончевиот систем.
Месечината е секогаш супер за набљудување.
Автор: Кристијан Шишковски