ИВАНОВ: Мандатот ќе го добие коалицијата што обезбедила мнозинство

Сподели

 

„Мандат ќе добие коалицијата што обезбедила мнозинство во Собранието. Се раговараше за сите можни варијанти во случај да не се обезбеди мнозинство. Што и да се случи, ќе бидат отворени сите опции“, изјави претседателот Ѓорге Иванов по средбата со лидерите на парламентарните партии.

Тој додаде дека од тој што ќе ја состави владата, бара две работи: заштита на државните интереси на Македонија и, второ, системска реформа на системот на национална безбедност.

– Наместо да почне да се решава кризата, таа влезе во уште полоша фаза. Секој го толкува Уставот како му одговара, а Уставот ја одразува нашата реалност. Тој не може да се толкува по партиски желби. Според член 90, претседателот е должен да го довери мандатот на  партијата која има мнозинство во Собранието. Го искористив уставното право. Решив да направам консултации со поличките партии. Ги слушнав ставовите на моите соговорници – рече Иванов.