Енергетски богатата земја Катар најави дека во следните три до пет години планира да вложи пет милијарди фунти (5,8 милијарди евра) во британската економија, јавува Anadolu Agency (AA).
Абдула бин Насер Ал Тани, премиер на Катар најави инвестиција од 5,8 милијарди евра на инвестицискиот форум во Лондон.
Тој додаде дека тоа ќе се случи во следните три до пет години, преку инвестициски фондови и други релевантни извори од богатата земја која е главен извозник на природен гас.
Земјата-домаќин на Светското првенство во фудбал 2022 година веќе има инвестирано многу во Велика Британија.
Дел од нејзиниот имот е удел во британската банка „Барклејс“ и сопственост над многу истакнати лондонски земјишта, вклучувајќи ја и легендарната стоковна куќа Хародс.
Катар, која е членка на ОПЕК, во 2015 година најави дека во текот на следните пет години, во САД ќе инвестира 35 милијарди долари (околу 32,25 милијарди долари).