Средба Иванов-Туск: Политичката и мигрантската криза во фокусот на разговорите

Сподели

„Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов и на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск ќе бидaт заканата од илегална миграција со која се соочува Европа и политичката криза во Македонија по изборите во декември 2016 година,“ информираат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов кој утре ќе биде домаќин на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе престојува во работна посета на Македонија.

Според агендата на активности, во 13.55 часот се очекува пристигнувањето на Туск во кабинетот на претседателот. Во 14 часот ќе почне тет-а-тет средбата на Иванов и Туск, а половина час подоцна е пленарниот состанок на двете делегации.

Во 15 часот се предвидени изјави за медиумите од претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. За во 15.30 часот е предвиден работен ручек, на кој освен Иванов и Туск ќе бидат и членовите на делегациите.

meta.mk