Србија избра претседател во прв круг

Сподели

Кандидатот на СНС и актуелен премиер на Р.Србија, Александар Вучиќ, на вчерашните претседателски избори извојува победа во првиот круг.

Според неофицијалните резултати, Вучиќ освоил над 55% од гласовите, односно 12% повеќе од сите останати кандидати.

Право на глас имале 6.724.949 избирачи кои гласале на 8.396 изборни места.

„-Денеска сум многу горд на фактот што добивме огромен број гласови во услови кои за нас беа се, само не лесни. За нас е ова важен ден и важно е дека се покажа во која насока Србија сака да оди. Важно беше победата да биде чиста како солза. Добив 12 отсто повеќе гласови, околу 430.000 гласа, повеќе отколку сите останати кандидати заедно”, изјави Вучиќ.