ВЕНЕЦУЕЛА: Убиен лидерот на студентите

Сподели

Непознати лица го убиле синоќа претседателот на националната студентска организација на Венецуела. Убиството на Хуан Лопез било извршено на Технолошкиот факултет во државата Ансоатеги.

Нема информации за мотивите на криминалците кои пукале во него поминувајќи со мотор покрај студентското собрание.

Со смртта на Лопез, бројот на убиени во протестите во Венецуела е 37. Повредени се повеќе од 700.

Во Венецуела вчера имаше големи студентски протести против владата предводена од претседателот Николас Мадуро.