Овен
Внимателно ги пратите новите информации или важните случувања на работната сцена, со намера успешно да ги остварите своите долгорочни цели. Делувате снаодливо и умеете да придобиете нечија доверба. Тимската работа претставува одлична шанса да ги проширите своите сознанија од одредени области и да напредувате на различни страни. Во љубовниот живот, имате чувство дека неправедно трпите поради нечие нерасположение или неразбирање. Вие сте личност која не сака да се препушта на носталгијата или да очајува пред другите, дури ниту во ситуации кога постојат некои сериозни проблеми. Вашиот однос со саканиот(ата) се повеќе потсетува на заедничка „игра на надмудрување“, но ниту една страна не сака да попушти.
Бик
Постојат различни гледишта помеѓу соработниците во решавањето на некои работни интереси, нови недоразбирања создаваат напната атмосфера во вашето опкружување. Не дозволувајте некој да ве наведе на импулсивна реакција или на избрзани потези. Избегнувајте јавни расправи, работни надмудрувања или докажување на вистината пред соработниците кои располагаат со поголем авторитет. Ќе ви одговара нечие емотивно интересирање и потреба да ве задоволи. Меѓутоа, својата интимна среќа сакате само да ја задржите во кругот на блиските пријатели. Неопходна ви е дополнителна дискреција кога се наоѓате пред љубопитните погледи. Бидете мудри, нема потреба отворено да зборувате за своите интимни планови.
Близнаци
Потребно е попрецизно да ги разграничите своите работни обврски. Претераната ангажираност на различни страни може да доведе до низа на непријатни ситуации. Секој вид на неуспех се одразува на соработничкиот однос и на завршните резултати. Не дозволувајте некој да ви наметнува напорни обврски за кои немате доволно интересирање. Забележувате дека полека ја губите доминацијата која до неодамна сте ја имале во односот со саканиот(ата). За сега одбивате да се помирите со новата ситуација или да прифатите поинаква улога. Имате чувство дека ви недостасува нечие присуство и емотивно внимание. За среќа, љубовната криза наскоро ќе се реши на ваше задоволство.
Рак
Успехот кој го имате остварено ви дава за право да применете нови критериуми или услови во службената-финансиска соработка. Делувате нескромно и умеете да претерате во своите барања, не може да се помирите со просечните резултати. Сепак основната мерка на успех и вредност, никој не може да ја оспори или промени во своја корист. Во љубовниот живот ве очекува некое ново, но интригантно случување. Во голем емотивен занес лесно заборавате на дополнителна мерка на внимание. На вашиот темперамент не му одговараат умерени изливи на емоции, но тоа кај партнерот предизвикува напнатост или состојба на засилена раздразливост. Ако сте слободни ве пратат интересни средби, инспирирани сте за нова емотивна врска.
Лав
Во согласност со своите практични интереси избирате нови работни теми или цели. Сепак, работната нота која ја заговарате наидува на неодобрување кај некои соработници. Потребно е да остварите компромис и заеднички договор, како услов за долгорочен успех. Вештината на прилагодување на различните професионални стандарди донесува успешни резултати. Во љубовниот однос ништо не сакате да препуштите на случајот, но страстите ве издаваат повеќе отколку што претчувствувате. Блиска личност на основа на вашето однесување упорно се обидува да препознае и скриени намери или емотивно расположение, кое упорно се обидувате да го криете. Некој добро ја предивидува вашата емотивна реакција, не можете да ги потиснете своите чувства.
Девица
Умеете да остварите реална проценка и да го наметнете своето мислење пред соработниците. На добар начин ги вреднувате новите работни ситуации, така што не се впуштајте во финансиски ризик. Може да се пофалите со успешно посредување или комуникација, која ви помага да ги остварите своите практични интереси на различни страни. Чувствувате дека се наоѓате на емотивна „пресвртница“, наклонети сте кон импулсивни реакции и ги одбивате забелешките кои ви ги упатува саканиот(ата). Упорно барате излез од некои емотивни ситуации кои не се по ваша волја и вкус, но не можете да свртите грб на личност која ве прати како верна сенка. Потрудете се подобро да ги усогласите своите мисли и чувства.
Вага
Важно ви е да остварите високи професионални стандарди, но вашите соработници имаат поинакви вредносни мерила и често ја менуваат својата стратегија на делување. Не дозволувајте различни недоразбирања важно да влијаат на квалитетот во заедничкото работење. Мора да имате доволно професионална мудрост да се дистанцирате, но и авторитет да се наметнете во најдобар момент. Во љубовниот однос сочувајте ја трезвеноста на духот и мудроста, партнерот може да ве изненади на непријатен начин со своето однесување или нова одлука. Не сакате да прифатите споредна емотивна улога кој некој ви ја наметнува. Посакувате идилична емотивна врска или нова романтична нота, но некој не ги сфаќа вашите потреби.
Шкорпија
Важно ви е да ги дефинирате заедничките професионални цели и интереси со соработниците кои имаат различно мислење. Јасно ви е дека претераното експонирање или дополнителниот ризик во службените средби претставува лош избор, подобро е да ги следите зацртаните правила и утврдените критериуми. Понекогаш е тешко да се предвиди текот на случувањата во ситуациите кога се судираат различни работни интереси. Потребна ви е подобра психолошка или емоционална рамнотежа, но имате чувство дека некој се поигрува со вашето трпение. Не можете да останете со студена глава, пред личност која ве провоцира на бурна емотивна реакција. Потешко ги контролирате своите страсти, така што партнерот на погрешен начин го толкува вашето однесување.
Стрелец
Потребно е да ги прилагодите своите критериуми во однос на интересирањата кои преовладуваат на работната сцена. Се наоѓате во добра форма и во позитивно опкружување. Добрата работна проценка претставува услов за успешна соработка. Проширете ги своите интересирања во различни области, нема причина да се задржувате на моменталната позиција. Ќе ви одговара некое кратко патување, промена или излет во пријатно друштво. Чувствувате моментален немир и потреба од емотивна дистанца да анализирате нечие однесување. Саканиот(ата) ги одбива вашите планови, но нема причина дополнително да се возбудувате. Бидете мудри, по љубовното затишје ве очекува нова или неочекувана среќа.
Јарец
Внимателно проверувате различни информации кои влијаат на работната динамика или на остварувањето на вашите планови. Делувате активно и умеете да употребите успешна формула во работењето, без оглед на ситуацијата во која се наоѓате. Ако воспоставите правилна мерка на вредност помеѓу своите практични цели и емотивното задоволство, ве очекува добитна комбинација на успех, љубов и среќа. Без поголем емотивен занес и нечија наклонетост не можете да почувствувате потполна сатисфакција. Потрудете се да делувате доволно поттикнувачки на својот партнер. Во основа имате слични интересирања, желби или потреби, само со заедничко дополнување може да остварите нова усогласеност и љубовен врв.
Водолија
Имате впечаток дека ситуациите на работната сцена се менуваат во позитивен правец и во согласнот со вашите основни интереси. Но, не сакате некој да ги користи вашето знаење или професионални способности наспроти заедничкиот договор. Поради судирот на различни интереси, често се наоѓате пред неочекувани проблеми со соработниците. Не ви се допаѓа натпреварувачкото расположение, поради тоа се обидувате да остварите добар увид и подобра контрола над важните случувања. Саканиот(ата) нема да дозволи, семејството да трпи поради вашата кариера или големите амбиции кои меѓусебно ве оддалечуваат. Секако и вашиот партнер има одредени „барања“, од кои не сака лесно да се откаже. Насочете ги своите страсти и емоции во правец на заедничката визија.
Риби
Постојат соработници кои непрекинато внесуваат дополнителна тензија и на таков начин ја отежнуваат вашата работна или општествена позиција. Потребно е да се определите за нова работна визија или за сигурен партнер со слични идеи. Нови информации може да се толкуваат на различни начини, не дозволувајте да ве залажува првиот впечаток. Во љубовниот живот вешто избегнувате интригантни ситуации. Постојат неочекувани случувања кои бегаат од ваша контрола или не се во согласност со вашите емотивни потреби. Партнерот дополнително ве оптеретува со своите претстави за случувањата или работите, кои по ваше мислење делуваат неважно. Имате различни критериуми и приоритети.