Ново судско рочиште за „Поткуп“ против Заев

Сподели

Во Основниот суд Скопје 1 за денеска е закажано новото рочиште „Поткуп“, во кој премиерот Зоран Заев, во својство на градоначалник на Струмица, е обвинет дека наводно побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

На последното рочиште одбраната на Заев побара изземање на снимките од Посебните истражни мерки објавени на Ју тјуб.

Со одбраната, како што рече, размислувале дали да ја објават целосната снимка за да се дознае целата содржина или да бараат нејзино изземање како доказ, по што се одлучиле да ја искористат втората можност што им ја дозволува законот.