ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, особено во источните, кон крајот на денот во јужните делови и од земјава, каде се очекува да бидат пообилни.

Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната температура од 16 до 24 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура до 11, а дневната температура ќе достигне до 21 степен.

Дождливо време се очекува во почетокот на месец октомври.

Ќе врне скоро секој ден во првата седмица од месецот, а во втората, температурите ќе паднат под 15 степени. Во некоиделови на Македонија утринските темепратури ќе бидат и во минус.

На 1. октомври температурата ќе се искачи до 21 степен, на 2 и 3 до 20, на 4 ќе биде до 19, а на 5 октомври до 18 степени.