Советот за безбедност на Обединетите Нации има шест нови членки Екваторска Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска, Холандија, Кувајт, Перу и Полска. Знамињата на овие земји беа поставени пред седиштето на ОН во Њујорк.
Египет, Јапонија, Сенегал, Украина и Уругвај го завршија својот мандат минатата година.
Советот за безбедност на ОН има 15 членки помеѓу кои и постојаните Кина, Франција, Русија, САД и Велика Британија. Останатите членки, ги избира Генералното собрание на ОН на две години.