Проблемот со блокираната сметка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ќе се реши и клиниката ќе добие аванс од Фондот за здравство, за да ја одблокира сметката, објави министерот за здравство Венко Филипче. Тој тврди дека работењето на ГАК не е загрозено и дека ќе има плати за вработените.
Клиниката ќе добие пари во форма на аванс од Фондот за здравство, откако во понеделникот сметката на оваа јавна здравствена установа беше блокирана.
Авансот ќе изнесува околу 660.000 евра, колку што недостасуваат за да се одблокира сметката, која е замрзната поради доспеани судски извршни решенија за случаи во кои родителите тужеле заради тоа што нивните предвремено родени деца добиле ретинопатија додека престојувале на клиниката.