Руската амбасада во Скопје, преку нејзиниот Твитер профил, реагираше на изјавата на премиерот Заев дадена за ТВ 24, каде тој изјави дека протераниот руски дипломат, недозволливо се однесувал во Македонија и дека неколку пати тој бил предупредуван, но тој и покрај тоа продолжил со вршење активности за кои не бил акредитиран во земјава.
“Намерно или не, Зоран Заев е погрешно информиран. Протерувањето на нашиот дипломат беше за нас изненадување. Никогаш не сме добиле никакво предупредување ниту доказ за кои говори премиерот. Ние и натаму сметаме дека овој чин е неоснован и дека нанесува штета на руско-македонските односи.”