Прв извештај на ОБСЕ за предметите на СЈО

Сподели

Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе го презентира првиот преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. На презентацијата што ќе се одржи напладне ќе присуствува в.д. шефот на мисијата на ОБСЕ, Џефри Голдстин и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Најавено е и обраќање на поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова Трајковска која ќе говори за СЈО низ призмата на практиката во европските судови и меѓународните стандарди за правично судење.