БЕГОВО ПОЛЕ – OUTDOOR PARTY 2016

Сподели

MDbegovopole2016sportskinastani

Планинарски дом Караџица, 24 Јуни

 Програма за Outdoor party “Begovo pole 2016”

Петок- 24.06.2016

16:30- Собирање и поаѓање со организиран превоз, зборно место Железничка станица-Скопје (Транспортен Центар)

18:30-Пристигнување во Рибник Принц-С.Алдинци од каде по планинарска патека групата се упатува кон п.дом Караџица

20:00-Пристигнување во п.дом Караџица, сместување на гостите

20:30-Заедничка вечера

21:00-Проекција на краткометражен филм

Сабота- 25.06.2016

06:00- Будење и појадок

07:00-Поаѓање кон Бегово Поле

10:30-Пристигнување на Бегово Поле (2000 м.н.в.)

12:00-Настап на бенд во живо

15:00-Тргнување кон п.дом Караџица

17:00-Пристигнување во п.дом Караџица

21:00-Почеток на забава со Dj Chase Work и Dj Irenska

Недела- 26.06.2016

Будење по желба

09:00-појадок

10:00-Кратка локана прошетка(Мунџица 1571 м.н.в.), посета на гробот на легендарниот домар на Караџица, Чичко Борис

15:00-Поаѓање од п.дом Караџица по планинарска патека кон рибник Принц

16:30-Поаѓање од рибник Принц со организиран превоз кон Скопје

18:00-Пристигнување во Скопје(Железничка Станица-Транспортен центар)

Напомена:

Групата ќе биде водена од водичи одредени од организаторот –

Планинарски спортски клуб “Караџица-Драчево”

Растојанието од рибникот (940 м.н.в.) до п.дом Караџица (1460 м.н.в.) е 6км и за совладување на истото се потребни окулу 2.00 часa планинарење со средно темпо.

Растојанието од п.дом Караџица(1460 м.н.в.) до Бегово Поле(2000 м.н.в.) е 13 км по планинарска патека, и е потребно окулу 2.30-3.00 часа пешачење,

Опремата ќе зависи од временските услови, соодветен планинарски ранец, чевли за планинарење, дожден мантил, крема за заштита од сонце и др.

Секое отстапување од програмата ги иззема организаторите од било каква одговорност кон учесниците.

Во склоп на настанот ќе бидат обезбедени 2 оброци вечера во петок 24.06, и појадок во недела 26.06. останатите оброци учесниците си ги планираат и носат сами.

Од организаторот на настатнот, ПСК “Караџица-Драчево” ќе биде обезбедена можност за купување на храна на Бегово Поле и во п.дом Караџица и пијалоци по планинарски пристапни цени.

Цените на картите се следни:

1.Превоз Скопје-рибник-Скопје + 2 ноќевања во п.дом Караџица +2 оброка-1000 ден

2.Превоз Скопје-рибник-Скопје + 2 ноќевања во шатор + 2 оброка- 800 ден

3.Превоз Скопје-рибник-Скопје со сопствено сместување со шатор + 2 оброка -600 ден

4.Котизацијата за оние кои ќе се одлучат да дојдат на настанот во сопствена организација за превоз и спиење во шатор е бесплатна!

Пријавувањето е до 20-ти јуни!

До тогаш, поздрав од Караџица! 🙂

Информации и резервација на:

071 522 444

078 413 851

Spd_dracevo@yahoo.com