Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска изјави дека државата нема да потроши ништо од Буџетот со отписот на долгови на граѓаните за струја, што пред неколку дена го најави премиерот Зоран Заев.
Според Анѓушев – „Овие долгови се од старото ЕВН кои при одвојувањето на три компании биле распределени на ЕВН и ЕЛЕМ кои сега компаниите не можат да ги наплатат.
„Компаниите тешко можат да ги наплатат овие долгови и ние предлагаме да ги отпишат со што ќе се ослободат граѓаните од тужбите пред судовите“, рече Анѓушев, но не можеше да каже колкав е износот на долгот на граѓаните и за колкава бројка на граѓани станува збор иако премиерот Зоран Заев изјави дека станува збор за 200 илјади семејства со долг од 110 милиони евра. Долгот е од 2006 година.