Спасовски: Немате тендер кај што не сте краделе. На спајалици сте ќарувале

Сподели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски жестоко реагираше на денешната интерпелација поднесена од страна на ВМРО ДПМНЕ.

-“Наидовме на катастрофална ситуација во МВР. Немате тендер кај што не сте краделе. На спајалици сте ќарувале. Од фирмите за чистење сте ќарувале по милион евра секоја година. Чавков за 700.000 евра има набавено 25 возила за МВР. За милион евра во мое време, набавени се 45 исти такви возила. Командирот ваш на алфите има фалц диплома за средно училиште, командири на полициски станици фалсификати за средно и за факултет, началници на организиран криминал биле со фалц дипломи, битката со тие дипломи ќе ја истерам до крај.“