Денот после првиот круг – Џабир ДЕРАЛА

Сподели

Да се разбереме, веќе стана нормално изборниот ден да биде донекаде здодевен. Општо земено, тоа е добра вест. Не, ова не е вовед во фалење на изборниот процес, до пред неколку часа прибирав и читав извештаи од моите другарки и другари што го набљудуваа процесот. Имам што да ви раскажувам за деталите во наредните денови. Но, важно ми е да се согласиме околу една важна работа. Ако само до пред три години гледавме како се спроведува масовен изборен инженеринг, со злоупотреба на секоја, и последна, полуга на власта, сега тоа (речиси) го нема.

Имавме МВР што беше МВРО, според зборовите на самата екс-министерка. Телевизиите беа само огласни табли каде што немаше дебата цела една деценија. Беше сосема нормално да се спроведува прво јавен линч, а потоа и судско-полициски прогон. Принудата беше болно очигледна по сите вертикали и хоризонтали на системот… може да се набројува и раскажува долго за сето тоа. Тоа и таквото општество не станува минато со притисок на копчето.

Но, да се вратиме на претседателските избори. Не сакам, барем денеска, да правам политички анализи и паралели, тоа секако ќе го прават огромен број текстописци деновиве, а на кои, сакал-нејќел, ќе морам и јас да им се придружам. Во неколку „булет-поинти“ сакам да направам пресек на изборниот ден во кој бев во позиција да добивам информации од теренот, со детали што не смеев да ги соопштам поради изборниот молк.

Избирачките одбори повторно не се покажаа како најистурено тело на изборната администрација, што има задача директно да го спроведе изборниот процес. Повторно, партиските агенди и команди им беа поважни на еден дел од луѓето што ја имаат свечената обврска да бидат на линија на законитоста, во одбрана на правото на глас.

Новинарските екипи се соочија со ригидни и арогантни поединци од избирачките одбори. И набљудувачите на ЦИВИЛ не беа поштедени од злобни коментари, а во еден случај, дури и со забрана за пристап до избирачко место. И на овие избори имаше набљудувачи, само божемно непартиски, но одработуваа според политичка агенда. Еден таков набљудувач (веројатно инфилтриран бојкотирач) ѝ се обратил на нашата другарка со зборовите: „Вие сте Шарени, полоши и од партија!“ Бре!

Говорот на омразата не престана ни на денот на гласањето. Грубото и континуирано кршење на изборниот молк стана толку нормално, што изгледа чудно ако се каже дека тоа е забрането. Иако не ни оддалеку наивно, сепак, смешно беше да се види бојкотирачкото комбе како кружи низ Скопје. Мобилизација по телефон правеа сите.

Никој вистински не се чувствува посрамотен ако го крши законот, колку и да е тој лош. Ова, знам, звучи до некаде и смешно, имајќи предвид колку законот и правото се потценети во оваа наша земјичка.

Партиските војски ги евидентираа гласачите. Удираа „рецки“, овој пат и по родова припадност (ќе ви кажам друг пат и зошто), а потоа се втурнуваа во телефонска мобилизација на своите гласачи.

И, за крај, Избирачкиот список. Иако институциите нѐ уверуваа дека тој е добар, вчера повторно видовме како луѓето се враќаат од избирачките места, незадоволни и револтирани. И повторно, по десет години директно учество во изборниот мониторинг, еве и овде, во овој постизборен рафал, уште еднаш, по не знам колку стотици пати, ќе го кажам истото: Државата е таа што има обврска да им обезбеди право на глас на сите свои граѓанки и граѓани. Ако тие се нешто неажурни или неодговорни, си постојат други мерки, а не да се казнуваат со тоа што ќе им се повреди фундаменталното човеково право – правото на глас. Кога тоа ќе го научат партиите и институциите, ќе можеме да кажеме дека имаме избори во кои се почитува сечија волја, сечиј глас.

Како и да е, со многу помали или поголеми проблеми, системот и општеството, ослободени од режимските стеги, но далеку од ослободени од многу други проблеми, меѓу кои и неспособноста и ароганцијата, истераа еден изборен ден без многу возбуда.

А излезноста? Хаха. Добро знаат сите зошто е ваква, да не ви го трошам сега времето со тоа. Има време, ќе се читаме и разговараме и на оваа тема. Со среќа следниве две недели, партиите нема да нѐ остават на раат ни минутка, почнувајќи од овој миг.

Џабир Дерала за civilmedia.mk