По повод националниот празник 4-ти јули – Денот на независноста на САД во Американската амбасада во Скопје, покрај американската химна беше изведена и химната на Македонија од страна на Тамара Тодевска.
Тамара во својот настап ја изостави строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои. Тамара го испушти делот со “Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!
Сето ова предизвика многу реакции на социјалните мрежи, со многубројни осуди и сомнежи дали химната е сменета или не.
https://www.facebook.com/USEmbassySkopje/videos/344116652896613/
Тамара утринава реагираше на својот фб профил, каде што таа изјави:
“Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка.
Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД.
Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.
Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната.
Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.”
Со почит, Тамара