Националниот парк „Маврово“ објави фотографија од рис направена со помош на т.н. „фотозамки“, во рамките на проектот за закрепнување на балканскиот рис кој се реализира во соработка со Македонско еколошко друштво.
Во врска со заштитата на балканскиот рис на подрачјето на Националниот парк „Маврово” лани беше направен акциски план кој ќе се спроведува до крај на 2020 година.
Главната цел на Акцискиот план е да се даде значителен придонес кон заштитата на популацијата на критично загрозениот балкански рис. Предвидени се активности во доменот на мониторинг на неговиот плен, едукација и подигнување на јавната свест, воспоставување на безбедни коридори за крупните цицачи, прекугранична соработка и слично.