Одбележување на Светскиот ден на детето 20. ноември

Сподели

 

Светскиот ден на детето  се одбележува на 20.ноември, по повод потпишувањето на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации.

Зградата на Владата, Собранието и други институции денеска и утре ќе бидат осветлени во сина боја во чест на 30. годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата од ООН , што се одбележува како Светски ден на децата.

“Пред 30 години ОН ја усвоија Конвенцијата за правата на детето и ни го подарија Светскиот ден на децата за да се залагаме за нив, за секое дете да има пристап до секое право.

Децата и младите се предводници на нашата иднина. Децата нè инспирираат и се најголемата причина за нашиот стремеж да изградиме подобар свет што им го оставаме во наследство” – напиша премиерот Заев на својот фб профил.