“На утрешната седница на Советот на Град Скопје, ќе побарам Советот да донесе одлука за доделување на помош на настраданите во катастофалниот земјотрес во Драч, Албанија.
Имајќи во предвид дека за оваа одлука веќе се координирав со советничките групи во Советот, очекувам дека одлуката ќе биде едногласно донесена.
Скопје е град на хуманитарноста. Да помогнеме кога на другите им е потребна помош” – изјави Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Шилегов изјави дека во договор со градоначалникот на Тирана, ќе биде испратена специјална екипа со дронови за помош при пребарувањето и потрагата по преживеани лица под урнатините во Драч.