“Со загриженост ги следиме вестите за големиот земјотрес во Албанија, во Драч и во близината на Тирана. Силината на земјотресот, кој го почувствуваме и ние, ги насочи мислите кон нашите соседи.
Најискрено сочувствуваме со најблиските на жртвите, и се надеваме на брзо закрепнување од последиците.
Од утрово сме во комуникација со институциите на Албанија и сме подготвени да ја пружиме сета неопходна помош и поддршка – изјави премиерот Зоран Заев, додавајќи дека првичната помош, согласно потребите од албанските власти, ќе се состои од механизација и тимови за пронаоѓање и извлекување на исчезнати лица.”