Зелената партија ДОМ, на претстојните предвремени парламентарни избори ќе настапи во коалиција со СДСМ. Во преговорите беше договорено дека еден од главните столбови на коалициската програма ќе биде заштитата на животната средина и климата, што е врвен приоритет на ДОМ – се наведува во денешното соопштение на ДОМ.
Согласно одлуката на Централниот одбор, кандидати за пратеници од ДОМ се лидерката на ДОМ, Маја Морачанин во ИЕ3, потпретседателот на ДОМ, Мирослав Богдановски во ИЕ1, како и претседателот на општинската организација во Штип, Ванчо Санев во ИЕ3 и советничката од ДОМ во Битола, Ристенка Алтипармаковска во ИЕ5.