ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен северозападен ветер. T= 11 °C, P= 981 hPa, U= 55 %, V= 6 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).