Воено медицински персонал ќе се распореди во ковид центрите на Клинички

Сподели

 

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од 12 лекари и 12 медицински сестри, од денеска се вклучуваат во работата на интерните клиники во Скопје каде што има неколку ковид-оддели, соопшти Министерството за здравство.

„Оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокот на кризата се посветени на ковид-пациенти. Медицинските екипи кои доаѓаат од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пациенти во ковид-одделенијата“, се наведува во соопштението.

По прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид-центрите низ државата. Во петокот преку Министерството за одбрана, Норвешка донира 10.000 брзи тестови, а на почетокот од месецот Армијата даде на користење и пет амбулантни возила – соопштуваат од Министерството за здравство.