Од синоќа од 21 часот, Хрватска ја погодила повеќе од 10 земјотреси, а најсилниот во текот на ноќта бил околу 1 часот со 2,5 степени.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар, објави дека утрово во 7:11 часот, земјотрес со јачина од 2,9 по Рихтер, ја погоди областа околу Петриња, Сисак и Покупско.
Епицентарот бил кај Покупско, 34 километри од Загреб, и 23 километри од Велика Горица, на длабочина од 15 километри.