Продолжува кампањата за пријавување огнови на отворено на 193

Сподели

 

Град Скопје продолжува да ја реализира кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193.

Во текот на месеците ноември и декември изминатата 2020 година на телефонскиот број 193 има вкупно 23 јавувања, односно 8 интервенции на Противпожарната бригада и 15 интервенции на Инспекторатот на Град Скопје. Во текот на 2019 година бројот на јавувањата и на интервенциите  во истиот период, односно за месеците ноември и декември е речиси двојно поголем, односно имало 42 јавување на бројот 193. 

Оваа кампања се спроведува четврта година по ред и дава одлични резултати и заедно со кампањата за спречување на палењето стрништа, односно остатоците од берба и субвенциите за чистење на оџаците во домаќинствата се едни од најважните кампањи на Градот Скопје за подигање на свеста во борбата против аерозагадувањето.