Министерството за внатрешни работи до Јавното обвинителство достави кривична пријава за функционерите од ДУИ поради прославата по повод роденденот на нивниот партиски лидер, Али Ахмети, што се одржа во новото седиште на Министерството за политички систем, без маски и држење растојание.
„Казнети се сите до еден што седеа на таа маса. Дали се претседатели на партии, пратеници или министри и кога зборуваме за изрекување казни на државни функционери, барем мене или на ова раководство на МВР не можете да му забележите. Од премиерот, заменик-премиерот, министерите – сите до еден досега имаат казни поради тоа што направиле одредени превиди што треба да ги санкционирам“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Постои одреден протокол дефиниран од Комисијата за заразни болести, како и на кој начин се однесуваат институциите при одржување средби и состаноци.
„Не е забрането одржување на средби и состаноци во државните институции, но мора да се почитуваат протоколите од Комисијата за заразни болести. Од аспект на прекршочна одговорност, на сите нив им се дадени платни налози, а највен е и вонреден инспекциски надзор од трудовиот инспекторат“, изјави министерот Оливер Спасовски.