Уште не започна новата сезона во Формула 1, веќе претрпува измени во календарот за претстојната 2021 година.
Иако беше најавено дека истата ќе започне на 21 март во Мелбурн, Австралија, сепак тоа нема да се случи.
ФИА се одлучи за промена на распоредот на трките, па така новата сезона ќе започне една недела покасно односно на 28 март за ГН на Бахреин.
Австралиското ГП и Кинеското ГП беа поместени поради ограничувањата за патувања поради КОВИД-19, и сега сезоната ќе стартува со традиционално втората трка во Бахреин.
Токму овие две земји (Австралија, Кина) имаат најстриктни правила за пристигнување на странци во државата, и поради тоа трката во Мелбурн која требаше да се оддржи на 21 март ќе се оддржи на 21 ноември, додека Кина останува во април, но само ако се сменат „условите“ за пристигнување.
Новина во календарот за 2021 е трката во Имола, Италија на 18 април, така што планот останува да има рекордни 23 трки.
„Глобалната пандемија не дозволи на враќање на животот во нормала, но во 2020 покажавме дека можеме да се тркаме безбедно, како прв меѓународен спорт кој се врати во акција“, изјави новиот претседател на Ф1, Стефано Доменикали.
Минатата година се одржаа само 17 од 22 трки, а на дел од патеките се возеа по две трки (Австрија, Британија, Бахреин). Имола, пак, ја одржа првата трка од 2006 минатата сезона и сега остана на календарот и за 2021.
The post Нов календар на трки за 2021 сезона објави ФИА – Еве кои се измените! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico