Протест „Стоп за присилната вакцинација” и политички пораки

Сподели

 

Под мотото „Стоп за присилната вакцинација” во Скопје се одржа масовен протест на граѓани кои го изразија своето незадоволство од најавените рестриктивни мерки.

 

 

Присутните на протестот извикуваа “Убијци’! и дека со новите мерки им се ускратува слободата, се кршат човековите права и се дискриминираат оние граѓани кои не сакаат да се вакцинираат.

– Сите имате избор, бидете слободни, бидете дел од народот. Се кршат човековите права, ова е битка помеѓу злото и доброто, извикуваа присутните.

На протестот имаше и политички пораки. Дел од демонстрантите порачаа дека актуелната влада го продала името, ја украла историјата, а сега сакаат да им ја земат слободата и човековите права.

Учесниците ги запалија маските.  За денес е најавен нов протест, со почеток во 19 часот, на истото место.