340 недели на врвот – Еве уште колку ми недостигаат на Џоковиќ да ја достигне Штефи Граф!

Сподели

Најдобриот тенисер во светот, Новак Џоковиќ, продолжи да го зголемува сопствениот рекорд по бројот на недели поминати на врвот во светскиот тенис, бидејќи денеска ја започна 340 -та недела на врвот на АТП листата.

џоковиќ роланд2

Новак одамна го надмина Роџер Федерер и е тенисер со најмногу недели на првото место на АТП листата, а му требаат уште 37 недели за да ја помине Штефи Граф на вечната листа.

Како и минатата недела, Џоковиќ е прв со 12.133 поени, а втор е рускиот тенисер Данил Медведев со 10.575.

Меѓу првите десет во светот нема промени, па затоа водечките двајца ги следат Стефанос Циципас, Александар Зверев и Андреј Рубљев.

До десеттата позиција се уште и Рафел Надал, Матео Беретини, Доминик Тием, Рожер Федерер и Каспер Рад.

The post 340 недели на врвот – Еве уште колку ми недостигаат на Џоковиќ да ја достигне Штефи Граф! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico