Светските лидери шокирани и згрозени од нападот во Ница

Сподели

A man holds a child after a truck plowed through Bastille Day revelers in the French resort city of Nice, France, Thursday, July 14, 2016. France was ravaged by its third attack in two years when a large white truck mowed through revelers gathered for Bastille Day fireworks in Nice, killing at dozens of people as it bore down on the crowd for more than a mile along the Riviera city's famed seaside promenade. (Sasha Goldsmith via AP)

 

Светските лидери изразија шокираност, тага и сочувство со Франција поради нападот во кој возач со камион полн со оружје и со гранати влета меѓу луѓето на шеталиштето во Ница, при што усмрти најмалку 84 лица, a повреди повеќе десетици. Нападот се случил за време на прославата на Денот на Бастиља.

Американскиот претседател Барак Обама го осуди нападот, квалификувајќи го како „страшен терористички напад во Ница“.

– Нашите мисли и молитви се со семејствата и со другите блиски и сакани на убиените – рече Обама.

Државниот секретар на САД, Џон Кери, исто така, изрази ужаснување од нападот.

– Денеска бев горд што стоев рамо до рамо со француските лидери за време на прославата на Денот на Бастиља во Париз и САД ќе продолжат да стојат цврсто со францускиот народ во ова време на трагедија – изјави Кери.

И двајцата кандидати за претседател на САД изразија сочувство. Републиканецот Доналд Трамп рече дека ова е „објавување војна“, додека демократката Хилари Клинтон порача дека „нема да бидат заплашени“.

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека учесниците на Азискиот-европски форум во Улан Батор се во шок поради нападот во Ница и додаде дека Германија стои зад Франција во борбата против тероризмот.

Премиерот на Јапонија, Шинѕо Абе, рече дека нападот е суров и целосно неприфатлив, изразувајќи „силна солидарност со Франција во ова тешко време“ од името на својата земја.

Премиерот на Русија, на „Твитер“ изрази сочувство за жртвите на нападот во Ница.

„Испраќам најдлабоко сочувство до Франција, на сите оние кои се повредени и на семејствата на загинатите во монструозниот терористички напад во Франција“, напиша Медведев.

Кинескиот претседател Ли Кечијанг го осуди терористичкиот напад и изрази сочувство до блиските на жртвите.

– Ќе се бориме против сите видови тероризам – рече Ли Кечијанг.

Австралискиот министер за надворешни работи, Џули Бишоп, го осуди нападот и рече дека ниту еден град и ниту една земја не се имуни на терористички напади.

– Поради тоа австралиската Влада ќе стори сè што е во нејзина моќ да ги заштити Австралијците како во нивната земја, така и во странство – додаде Бишоп.