НУ Национална галерија ја најави изложбата под наслов „Сеќавања“ на уметникот Бурим Муфтиу. Изложбата ќе биде отворена на 11.ноември во 19 часот во објектот Чифте амам.
Изложбата со наслов „Сеќавања“ на авторот Бурим Муфтиу главно е во медиумот на фотографијата, инсталацијата и видеопроекцијата. Манекенот е главниот лик на овој концептуален проект. Претставен преку фотографии, инсталации и видеопроекција, манекенот не носи во едно друго време. Време на војната во Косово. Војна која носи големи разорувања, страдање, уривање објекти и продавници, како и земање човечки животи.
Манекените за Бурим Муфтиу имаат двојна или тројна улога, тој се обидува преку овие фотографии да им даде нова задача на моделите, друга функција вградена во еден концепт. Облеката им е речиси невидлива, чиниш се обидуваат да ја прикријат и да ја маскираат својата душевна состојба, спомените и сите тие ужасни искуства од минатото.
Моделите снимени од Бурим Мифтиу веќе не ја рекламираат облеката, туку со изразите на лицата, со скршени екстремитети, необичен нос и очи, прифаќаат сторија, разочарување и ужас.
Кај инсталациите во кои манекенот е претставен во форма на кукла, тематиката е иста како и кај фотографијата – болката и разочарувањето од стварноста се примарни. Тука се надоврзува и видео инсталацијата со приказ на имагинарните ликови на манекените сведоци на едни скршени соништа. Авторот преку своите дела го осудува насилството.
Ниедно насилство во светот нема оправдување, туку само изговори.
Авторот преку овие фотографии, инсталации и видеопроекција отворено зборува за негирањето на геноцидот и за негирањето на човечките страдања и трагедии.
Ниедно насилство во светот нема оправдување, туку само изговори.
Авторот преку овие фотографии, инсталации и видеопроекција отворено зборува за негирањето на геноцидот и за негирањето на човечките страдања и трагедии.