Санкционирани 320 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот денМинистерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 320 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 150 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.