Временска прогноза – Македонија

Сподели

 

Македонија – Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и јужните делови ќе има локални врнежи од дожд и снег, на планините и на повисоките места само од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од слаб дожд.T= 9 °C, P= 978 hPa, U= 50 %, V= 2 m/s.

Температурата ќе се движи од -6 до 12 степени.

 

Од утре следува период на претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места само од снег. За време на викендот врнежите наместа ќе имаат пообилен карактер. На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои пониски места.