Временска прогноза – Македонија

Сподели

 

Македонија – Облачно и студено со врнежи од снег, во централниот и долниот дел на пошироко Повардарие претежно од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови, па до средината на денот снежната покривка во голем дел од земјава ќе се зголемува. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени.

 

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: облачно со врнежи од снег, особено претпладне.
T= 4 °C, P= 976 hPa, U= 72 %, V= 3 m/s.

Снежна покривка до изутрина (во см): 75 Попова Шапка, 61 Маврови Анови, 58 Крушево, 37 Пожаране, 30 Ѓуриште, 17 Битола, Претор, 14 Скопје Зајчев Рид, Скопје Петровец, 4 Тетово, Прилеп, 3 Охрид, 2 Берово, 1 Крива Паланка.

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м2): 30 Маврови Анови, 29 Крушево, Пожаране, 28 Попова Шапка, 24 Ѓуриште, 22 Скопје Зајчев Рид, 20 Скопје Петровец, Тетово, Гевгелија, 19 Претор, 16 Штип, Демир Капија, 13 Битола, 11 Дојран, 8 Виница, 6 Струмица, Берово, 4 Прилеп, 3 Охрид, Крива Паланка.