Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телевизиско обраќање до нацијата го повика народот да го зачува мирот во земјата.Тој истакна и дека бројот на уапсени воени и цивилни лица по обидот за преврат во Турција изнесува 13.156, а меѓу нив 126 се генерали.
Турскиот премиер Бинали Јилдерим изјави дека Турција нема намера да ја продолжи вонредната состојба по завршувањето на утврдениот тримесечен рок, но ќе го направи тоа доколку таквата опција биде наопходна.