Вселенската сонда Јунона успешно поставена во орбита

Сподели

Вселенската мисија Јунона која започна пред 5 години со лансирање на сателитот и поминати милијарди километри, денес успешно влезе во орбита на Јупитер. Ова претставува втора мисија во орбита на Јупитер, првата беше Галилео. Мисијата е предвидена да трае околу 20 месеци и треба да ја истражува внатрешноста и големината на јадрото, магнетното поле и областа каде се создава, составот кој ќе ни открие детали за зачетокот на Сончевиот систем, структурата на облаците и останатите атмосферски феномени како Големата црвена дамка и другикарактеристики на најголемата планета во нашиот систем. Се разбира тука се очекуваат други секундарни откритија кои не биле очекувани или се производ на примарните истражувања како откривање на нови мали месечинки или нови карактеристики во најгорните слови на атмосферата.

Јунона покрај Јупитер

Уметничка претстава на Јунона во орбита на џинот на планетите – Јупитер (с) NASA/Juno
Ова не е конечната позиција на Јунона, по три месеци на 19 октомври ќе се направат мали корекции на орбитата со што ќе започнат оние 33 најплодни, научни орбити.
Видео клип кој го сними вселенската сонда Јунона приближувајќи се кон Јупитер, снимениот дел е во период од 17 дена. Забележете како сателитите го губат сјајот додека се наоѓаат зад Јупитер:
Прес конференцијата по успешното влегување во орбита каде научниците и инженерите ги објаснуваат најважните моменти од мисијата и одговараат на прашања:

Јунона гугл дудл

Гугл дудл во чест на големиот успех на научниците на НАСА