Бразил одбројува денови до почетокот на Олимпијадата во Рио

Сподели

Рио е домаќин на Триесет и првата Олимпијада, а ова се први игри кои се организираат на подрачјето на Јужна Америка. Во 28 спортски олимписки дисциплини ќе се натпреваруваат околу 10.500 спортисти од 206 земји во светот

thumbs_b_c_d3631aff1d998e0468395312b40b23ea

ЊУЈОРК (AA) – Бразилскиот град Рио Де Женеиро во период од 5 до 21 август ќе биде домаќин на Летните олимписки игри а се проценува дека тој најголем спортски фестивал оваа година ќе чини блиску 12 милијарди долари, јавува Anadolu Agency (AA).

Рио е домаќин на Триесет и првата Олимпијада, а ова се први игри кои се организираат на подрачјето на Јужна Америка. Во 28 спортски олимписки дисциплини ќе се натпреваруваат околу 10.500 спортисти од 206 земји во светот.

Организацијата за меѓународниот кредитен рејтинг Moody’s претходно објави проценка дека Олимписките игри во Рио ќе чинат блиску 12 милијарди долари. За изградба на инфраструктурата потрошени се 7,7 милијарди, за изградба на новите спортски комплеси 1,8 милијарди, а за административните, маркетиншки и сместувачки услуги инвестирани се 2,5 милијарди долари.

Планирано е 40 отсто од средствата за трошоците да ги обезбедат домашните спонзори, 25 отсто Меѓународниот олимписки комитет (MOK), 16 отсто од средствата ќе бидат обезбедени од продажба на влезниците, 12 отсто ќе бидат обезбедени од меѓународни спонзори а седум отсто од средствата ќе бидат собрани од продажба на лиценци и други извори.

Бразилската федерална развојна банка (BNDES) од јуни 2014 година за организација на Олимпијадата обезбедни кредит во износ од 3,2 милијарди долари.

Аналитичарите на компанијата Виса, еден од официјалните спонзори на Олимпијадата во Рио, очекуваат во текот на игрите во Бразил да го посетат пола милион странски туристи. Се очекува 45 отсто туристи да дојдат во Латинска Америка и Карибите, 30 отсто од Европа, 15 отсто од Северна Америка, пет отсто од земјите на Азија и Пацификот, а преостанатите пет отсто од земјтие на Блискиот Исток, Северна Африка и другите региони.

Според семејствата на МОК, во текот на Олимпијадата во Рио ќе бидат ангажирани 85 000 безбедносни службеници од 55 земји, а се очекува дека Олимпијадата ќе ја следат 20.000 претставници на медиумите. Планиран е анганжман на 50.000 волонтери, 3.200 спортски судии и 16.000 нови вработени во хотели и други објекти.

Олимпијадата во Рио ќе влесе во историја и по тоа што на неа прв пат учествуваат десет спортисти под знамето на „бегалскиот тим”, за да укажат на глобалниот проблем на таа популација.

Голфот во Рио се враќа во олимпиското семејство на спортови прв пат по 1904 година, а новите спортски дисциплини се и рагби и китебординг.

За регуларноста на натпреварувањето на Олимпијадата во Рио МОК ќе ангажира повеќе од 200 службеници за антидопинг, а во текот на игрите ќе биде направена анализа од 4.500 примероци од урина и 1 000 примероци од крвта на спортистите.

Во текот на игрите се очекува продажба на вкупно шест милиони влезници со просечна цена од 35 долари. А церемониите на отворање и затворање на Олимпијадата ќе бидат одржани на стадионот Маракана кој има капацитет од 78.800 гледачи. Спортистите ќе се натпреваруваат во вкупно 34 спортски комплекси.

Иако се подразбира дека Олимпијадата ќе придонесе за промоција на Бразил и неговите туристички понуди, сеуште е предмет на дебатирање прашањето дали така скапиот и обемниот список на спортските настани на крај ќе има позитивни ефекти на бразилската економија.

Експертите на Moody’s уште во мај предупредија дека Олимпијадата нема да биде корисна за оживување на кревката економија на Бразил. Во извештајот се наведува дека игрите краткорочно ќе бидат позитивни за подобрување на животот на граѓаните на Рио де Женеиро кои ги има вкупно околу 16 милиони, што претставува осум отсто од бразилската популација, но дека негативните економски трендови и инфлацијата во земјата на домаќинот ќе бидат продолжени и по Олимпијадата.

Претходните Летни олимписки игри одржани се 2012 година во Лондон, а Велика Британија официјално соопшти дека игрите чинеле 15 милијарди долари, а донесоа заработка од четири милијарди. Британскиот кабинет за трговија и инвестиции по игрите соопшти дека индиректниот придонес на Олимпијадата на британската економија донесе 17 милијарди долари.