Исламска држава презема одговорност за нападот во Ансбах

Сподели

policija-germanija

Новинската агенција на Исламска држава „Амак“ соопшти дека нападот во близина на музичкиот фестивал во германскиот град Ансбах го извел борец на ИД.

„Тој го изведе нападот како одговор на повикот да се вршат напади во земјите кои ја сочинуваат коалицијата против Исламска држава“, соопшти агенцијата „Амак“.

Во телефонот на Сириецот Мохамед Д, кој го изврши самоубиствениот терористички напад во Ансбах, пронајдено е видео на кое се гледа како тој изразува лојалност на лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади, соопшти министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоахим Херман.

Тој наведе дека преводот од видео снимката, во која Сириецот говори арапски, покажжува дека тој го најавил „нападот од омраза“, против Германија, „затоа што таа застанала на патот на Исламот“.

Херман додаде дека од снимката може да се заклучи дека бомбашкиот напад во кој беа повредени 12 лица бил „терористички напад“.

Во домот на 27 годишниот Мохамед Д, пронајдени се и видео снимки во кои се прикажува насилство, како и материјали за правење бомби.

meta.mk