Вести Свет

Американска делегација во понеделник во Турција на разговори за екстрадиција на Ѓулен

Сподели:

Четиричлена делегација од САД на 23 и 24 август ќе има низа состаноци со турските функционери со кои ќе разговарат за обидот за државен удар и испорачување н водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен

gjulen

АНКАРА (AA) – Делегација на Министерството за правда и надворешни работи на САД, која треба да разговара со турските функционери за испорачување на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, во понеделник би требала да допатува во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Четиричлената делегација ја сочинувааат тројца функционери на американското Министерство за правда и еден од Министерството за надворешни работи на таа земја.

Делегацијата на 23 и 24 август ќе има низа состаноци со турските функционери од кои ќе добие информации за обидот за државен удар од страна на воени лица лојални на терористичката организација ФЕТО, изведен на 15 јули. Американските и турските функционери ќе разговараат за испорачување на Ѓулен во Турција.

Функционерите на Министерството за правда на Турција ги завршија потребните подготовки пред доаѓањето на американската делегација со која ќе ги споделат важните докази за тоа дека обидот за државен удар во Турција е изведен под команда на Ѓулен.

Турција од САД претходно побара итно апсење и испорачување на Фетула Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО.

Потоа американското Министерство за правда на турското Министерство за правда му испрати писмо во кое е предложено праќање на делегација од САД во Турција или праќање на турска делегација во САД за да се започнат разговори во врска со тоа прашање.

Министерството за правда на Турција предложи првин да дојде делегација од САД, а потоа и делегација од Турција да отпатува во САД.

Сподели: