Ангела Меркел повторно е избрана за лидер на Христијанско-демократската унија

Сподели

Германската канцеларка Ангела Меркел повторно е избрана за лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

На конгресот кој се одржал во Есен, Меркел добила 89,5 проценти од гласовите на делегатите, односно за неа гласале 845 од 949 присутни делегати.

Мандатот на Меркел ќе трае две години, а демохристијаните ќе ги предводи и на парламентарните избори во 2017 година.

Таа минатиот месец најави дека ќе се кандидира за да добие четврт мандат на изборите во септември следната година, а „отскочна штица“ за тоа е нејзиниот реизбор за претседател на ЦДУ.