Вести Свет

Анонимуси ја срушија електронската пошта на еквадорската влада поради Асанж

Сподели:

asanz-2

Хакерската група Анонимуси соопшти дека ја угасила електронската пошта на еквадорската влада затоа што нивната амбасада му го исклучила интернетот на Џулијан Асанж.

– Го исклучивте интернетот, ние ќе ја прекинеме вашата комуникација – напишаа Анонимуси на социјалната мрежа „Твитер“.

Амбасадата на Еквадор во Лондон му го исклучи интернетот на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж поради неговите објави за кампањата на Хилари Клинтон.

Асанж се наоѓа во еквадорската амбасада од 2012 година, откако побара политички азил, а му се заканувава и испорачување во Шведска поради обвинување за силување.

cvfywbcweaarrhl

meta.mk

Сподели: