Апелација ја потврди казната од 1,5 години затвор за Груевски за шамарите пред Општина Центар

Сподели

 

Апелацискиот суд ја потврди затворската казна од 1 и пол година за поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Насилство во општина Центар“, којшто се однесува на шамарите и демолирањето на бараките на Општина Центар во периодот на неговото владеење.

„Второстепениот суд постапувајќи по жалбите од обвинетите и нивните бранители, изјавени против првостепената пресуда – К. Бр. 1904/16, од обвинителството означен како „Насилство во О.Центар“, од 29.09.2020 година, ги одбил жалбите како неосновани, а пресудата на Кривичниот суд се потврдува. Со пресудата седум обвинети беа огласени за виновни и осудени на: Н.Г. – затворска казна во траење од 1 година и 6 месеци, додека М.Ј., А.Т., Д.С., Д.Т., Т.П. и И.Б. на алтернативна мерка – Условна осуда“, информираат од Основниот кривичен суд во Скопје.

Како и КОК Ж бр. 50/20  со која Второстепениот суд ја укина првостепената пресуда – КОК бр. 51/17 од обвинителството означен како „Тарифа“ и предметот го врати на повторно судење, при што е заведен нов предмет со КОК бр. 123/21 за кој откако ќе биде насрочен термин за отпочнување со главната расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени, соопшти Основниот кривичен суд од Скопје.