БРАЗИЛ: Епидемија на жолта треска – 137 починати

Сподели

Во Федеративна Република Бразил е утврдена епидемија на жолта треска, која е забележана кај 424 заболени. Од оваа болест досега починаа 137 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението од Министерството за здравство на Бразил, бројот на утврдените случаи на заболени од жолта треска се искачи на 424. Најпогодена сојузна држава, со 325 заболени е Минаш Жераис, во Еспирито Сантос има 93, а во Сао Паоло се потврдени 4 случаи.

Во земјата, досега, од жолта треска животот го загубија 137 лица во 80 градови.

Потврдено е дека причина за смртта на 111 лица во 49 градови од сојузната држава Минаш Жераис е жолтата треска.

Во сојузните држави Сао Паоло, Рио де Жанеиро, Еспирито Сантос, Бахиа, Токантинс, Гојаш и Рио Гранде до Норте, најмалку во 184 општински региони се регистрирани случаи на заболени од жолта треска.

Во Бразил, од декември минатата година досега се пријавени 558 случаи на заболени, за 933 случаи постои сомневање дека се заболени од жолта треска, а продолжуваат испитувања за 112 смртни случаи.

– Осма жртва на жолта треска во Сао Паоло

Директоратот за здравство во сојузната држава Сао Паоло обелодени дека во градот Рибеирао Прето е забележана осмата жртва на жолтата треска.

Петмина од починатите се заразиле надвор од државата, а починаа во Сао Паоло, додека пак, останатите тројца се заразиле во државата.

– Редици за вакцина во Рио де Жанеиро

Потврдено е дека првиот смртен случај од болеста жолта треска во државата Рио де Жанеиро се случил во градот Касимиро де Абреу. По овој случај, во градот со хелихоптер се испратени вакцини.

Се создаваат редици луѓе пред центарот за вакцинирање, отворен во една болница во центарот на градот заедно со противпожарните екипи.

Со цел да се поддржат медицинските екипи, во Касимиро де Абреу се испратени експерти за здравство од другите региони.

Anadolu Agency