Вести Свет

Брисел загрижен дека Турција ја злоупотребува ситуацијата по обидот за државен удар

Сподели:

brisel-isprakja-monitoring-za-puch-i-strojnici-za-sdsm-i-vmro-dpmne-242343-16338

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, денеска ја предупреди турската влада да не презема мерки што ќе го нарушат уставниот поредок во земјата по неуспешниот обид за воен удар во петокот.

– Ние бевме првите кои во таа трагична ноќ кажавме дека легитимните институции треба да бидат заштитени. Ние сме тие што денеска кажуваме дека во земјата треба да се обезбеди владеење на законот. Нема извинување за чекорите што земјата ја оттргнуваат од тој пат. Демократските и легитимни институции треба да бидат заштитени. Денеска ние, заедно со министрите, ќе кажеме дека тоа очигледно не значи дека владеењето на законот и на системот за поделба и за заемна контрола на власта може да се занемарат – рече Могерини при пристигнувањето на седницата на Советот на за надворешни работи Европската Унија.

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, изрази загриженост дека турските власти имале претходно подготвени списоци за апсење и оти дека изгледа оти однапред било подготвено ваквото дејствување.

– Изгледа како нешто што било подготвено однапред. Списоците биле на располагање што укажува на тоа дека биле подготвни да се искористат во одредена фаза – рече Хан.

По неуспешниот државен удар, турските власти во саботата уапсија неколку илјади лица, меѓу нив и голем број судии и обвинители.

Турските власти синоќа повторно воведоа вонредна состојба во Истанбул и распоредија дополнителни 1.800 полицајци од околните окрузи.

Како што јавуваат турските медиуми, полицијата добила и наредба да го урне секој хеликоптер што ќе се крене во воздух без одобрение. Засега не се знае причината за ваквата одлука на турските власти.

meta.mk

Сподели: