Бугарија: Партијата на екс-премиерот Бојко Борисов е победник на парламентарните избори во Бугарија

Сподели

Партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов „Граѓани за европски развој на Бугарија“ освои 32,5 отсто од гласовите на предвремените парламентарни избори, со што би имале 96 пратенички места, покажуваат првите резултати од изборната комисија по пребројани 89 отсто од гласовите.

Бугарската социјалистичка партија освои 26,82 отсто или 79 пратеници. Потоа следуваат „Обединети патриоти“ со 9,17 проценти од гласовите или 27 пратенички места. Четврта политичка сила во земјата е етничката турска партија на права и слободи со 8,93 отсто, односно 26 пратеници и петтата партија која ќе има своите претставници во бугарскиот парламент е „Волја“ на бизнисменот Веселин Марешки, која освои 4,11 отсто од гласовите и најверојатно ќе освои 12 места во парламентот.

Конечните официјални резултати се очекуваат в четврток.