Бундестагот ќе одлучува за старт на преговорите на Македонија – партијата на Меркел со поддршка

Сподели

 

Германскиот Бундестаг во четврток треба да гласа за одобрување Македонија да добие датум за преговори за членство во Европската Унија. Партијата на Ангела Маркел синоќа со апсолутно мнозинство донесе одлука за поддршка на процесот за старт на преговорите со Македонија.

Вицепремиерот Бујар Османи на својот ФБ профил објави:

“CDU/CSU штотуку ја донесе партиската одлука со апсолутно мнозинство за подршка на почетокот на преговорите со РСМ. Одлична најава за четврточното гласање во Бундестаг!
Благодарам ЦДУ/ЦСУ
Благодарам Канцеларке Меркел!”