Вести Свет

КУБА: Тргна поворката со урната на Фидел Кастро

Поворката со урната со останките на поранешниот кубански претседател Фидел Кастро тргна на четридневниот пат долг 800 километри – од Хавана до Сантјаго, местото во источниот дел на земјата, каде ќе биде положена. Урната, во ковчег покриен со кубанско знаме, ја понесе кубанскиот министер за одбрана. Поворката со урната ќе помине низ селските заедници кои […]

Вести Свет

Бразил: Судир меѓу демонстрантите и полицијата поради мерките за штедење

РИО ДЕ ЖАНЕИРО (АА) – За време на протестите во Бразилија, главниот град на Бразил, дојде до судир меѓу илјадници демонстранти и полицијата, поради мерките за штедење за кои се дискутираше на седницата на Конгресот, јавува Anadolu Agency (AA). Бразилската полиција интервенираше со солзавец откако демонстрантите почнаа да ги уништуваат автомобилите пред Конгресот и да […]

Вести Свет

МЕРКЕЛ: Прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел се изјасни дека е за прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ, тврди весникот „Билд“. Според германскиот весник, Меркел вчера пред своите сопартијци во Бундестагот истакнала дека мерките на турските власти по неуспешниот обид за пуч во земјата, не дозволуваат да се започне со отворање на нови теми во […]

Вести Свет

Трамп назначи милионер и поранешен банкар за секретар за финансии

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп го избра милионерот Стивен Мнучин за секретар за финансии во новата администрација. Мнучин 17 години беше партнер во банката „Голдман Сакс“, а во 2002 година основа сопствен фонд и беше главен финансиер на претседателската кампања на Трамп. Трамп исто така го именуваше и милионерот Вилбур Рос, познат по спасување […]

Вести Свет

САД нема да испратат официјална делегација на погребот на Фидел Кастро

Соединетите Американски Држави нема да испратат официјална државна делегација на погребот на кубанскиот лидер Фидел Кастро, соопшти денеска Белата куќа, јавуваат светските медиуми. Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест денеска соопшти дека САД на погребот во Хавана ќе ги претставуваат заменик советникот за национална безбедност, Бен Родс и Џефри Делаурентис, кого претседателот на САД, Барак […]

Вести Свет

Meксико го предупредува Трамп за НАФТА

Министерот за финансии на Мексико предупреди дека намерата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, повторно да ги разгледа условите за Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА), ќе биде против интересите на двете држави МЕКСИКО (АА) – Министерот за финансии на Мексико, Хозе Антонио Меаде, предупреди дека намерата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, […]

Вести Свет

Црна Гора: Еден од осомничените за терористички напад на денот на изборите ја призна вината

Мирко Велимировиќ, еден од осомничените за планирање на терористички напад на денот на парламентарните избори во Црна Гора и за планирање убиство на поранешниот премиер Мило Ѓукановиќ, ја призна вината откако со Специјалното обвинителство потпиша договор за признавање, јавува Anadolu Agency(AA). Велимировиќ на црногорските истражители им откри дека се подготвувале немири за 16 октомври, а […]

Вести Свет

Нападот на Универзитетот во Охајо го изведе студент од Сомалија

ВАШИНГТОН (AA) – Убиен е 18-годишниот Абдулрезак Али Артан роден во Сомалија, кој во понеделник ранил 11 лица на Државниот универзитет во американската сојузна држава Охајо, јавуваAnadolu Agency (AA). Артан бил студент на истиот универзитет, а полицијата го уби по изведениот напад. Полициски службеници во Охајо организираа конференција за медиуми по нападот на која потврдија […]

Вести Свет

Авион со бразилски фудбалери се урна во Колумбија

Авион со 72 патника и девет члена на екипажот, со кој патувале и фудбалери на бразилски клуб, се урна во централниот дел на Колумбија, соопшти денеска здружението на колумбиската цивилна авијација.  На местото на авионската несреќа пристигнале спасувачки екипи кои им помагаат на преживеаните, а досега не е соопштено дали и колку лица го загубиле […]

Вести Свет

Трамп се закани дека ќе стави крај на нормализирањето на односите меѓу САД и Куба, ако Хавана не направи отстапки

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе стави крај на нормализирањето на односите меѓу САД и Куба, ако Хавана не направи отстапки. – Ако Куба не сака подобри услови за кубанскиот народ, за Американците од кубанско потекло и за САД во целина, ќе ги поништиме договорите, напиша Трамп на Твитер. Тој побара […]